Ако сте барем малку запознаени со астрологијата, тогаш знаете дека хороскопскиот знак може да открие некои општи карактеристики на вашиот карактер, но и ситни детали за вашето однесување.
Тука, секако спаѓа и однесувањето во кревет, односно какви сте како сексуални партнери.
Во зодијакот има три знаци кои важат за одлични љубовници – тие веќе прават сѐ во животот со огромна страст, па забавни се како сексуални партнери, сакаат да експериментираат и неуморни се кога станува збор за секс.
ОВЕН
Огнените Овни се познати по нивната импулсивност, па нема да ве изненади фактот дека се едни од најстрасните хороскопски знаци. Секогаш се подготвени за водење љубов, неуморни се, а секс игрите им се омилена забава. Овните сакаат да се докажуваат, така што секое следно сексуално доживување со нив ќе ви биде ново уживање.
БИК
Врзување, секс играчки, секс на недозволени места… ако ги прашате припадниците и припадничките на овој хороскопски знак што сакаат во сексот ќе ви кажат дека сѐ би пробале барем еднаш. Исто така се многу издржливи, па сексот со нив знае да биде маратонско уживање.
ЛАВ
Лавовите се доминантни во секое поле од животот, па тоа важи за сексот. Лавовите и лавиците имаат бујна фантазија и со нив во најмала рака нема да ви биде здодевно. Отворени се за тоа што сакаат, уживаат во секој миг и сакаат да ги задоволуваат партнерите. Секако, не заборавајте да ги пофалите. Верувајте, знаат како да се заблагодарат!