Третата светска војна веќе е во тек, вели шефот на украинското разузнавање

Сподели со своите пријатели

Третата светска војна веќе е во тек, бидејќи руско-украинската војна ги привлече повеќето развиени земји во светот, изјави денеска шефот на Украинската воена разузнавачка служба Кирил Буданов, пренесува Укринформ.

Loading...

„Ова е филозофско прашање. Зависи од тоа како гледате на тоа. За мене тоа е (Трета светска војна), се вклучени апсолутното мнозинство од најсилните и најразвиените земји во светот, тоа е само факт“, рече Буданов на новинарско прашање дали војната во Украина може да се смета за Трета светска војна.

На прашањето на новинарите што може да му помогне на украинското општество да го подигне моралот, тој рече дека се потребни победи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЕУ го покани Зеленски на самит

„Одговорот можеби е малку непријатен, но овој одговор постои илјадници години. Уморното општество оживува и се буди само кога има победи. Кога нема победи, што и да правите, тоа нема да помогне. Значи потребни се победи, дипломатски, воени, социјални, политички, но – победи“, рече Буданов, пренесува Танјуг.

Украинскиот портал наведува дека претходно и поранешниот врховен командант на вооружените сили на Украина Валериј Залужни изјавил дека војната може да се смета за Трета светска војна, особено откако Северна Кореја и Русија „директно влегоа во војната како сојузници на Русија“.