Трет ден протест на одгледувачите на свињи од кумановското Тромеѓа

Сподели со своите пријатели

Сточарите од кумановското село Тромеѓа, денеска еден час го блокираа регионалниот пат Куманово-Свети Николе, барајќи испитување на свињите во одгледувалиштата пред нивно уништување.

Loading...

– Не смее да се уништи здравиот сточен фонд. Револтирани сме, бидејќи никој освен еден претставник од општина не дојде и не поразговара со нас. Ние самите сме свесни ако се прошири болеста ќе дозволиме мерки, ама не во овој момент, бидејќи нема заболени свињи, изјави Драгољуб Димитриевски од село Тромеѓа.

Одгледувачите велат дека некој намерно го уништува малиот сточар на сметка на големите корпорации. Тие велат дека околу нивното село нема шума и нема контакти со диви свињи. Стравуваат дека по уништувањето на свињите во кумановско ќе се зголеми цената на свинско месо и дека ќе се дозволи увоз.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хероин пронајден кај 45-годишен кумановец

– Ако се појави во еден двор нека исчистат, нека уништат. Ама се собира и здрава стока и нема да отстапиме додека не кажат дека нема да ги уништат здравите свињи, изјави Марио Зафировски.

Сточарите се незадоволни и велат дека произведуваат и храна за свињите, укажувајќи дека се во загуба.

– Немаме друг излез ние живееме од одгледување на свињи, изјави Трајан Николовски.

Директорот на ЈП „Чистота и Зеленило“, Даниел Стојчевски вели дека го разбира револтот на сточарите кои живеат од одгледување свињи, но истакна дека нивното претпријатие не носи одлука кои свињи ќе се уништуваат и дека согласно насоките од кризниот штаб, претпријатието е задолжено само за транспорт и закоп на угинатите свињи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пожар ноќва гореше на депонијата Краста (ВИДЕО)

– Ги разбирам луѓето живеат од тоа, но ние како претпријатие даваме само техничка поддршка согласно насоките на кризен штаб, кажа Стојчевски.

Loading...

Претходно, во кумановско протестираа одгледувачите од реонот на селата Љубодраг, Умин Дол и Ново Село. Прв случај на африканска чума во кумановскиот регион беше регистриран на почетокот од октомври, годинава.

МИА