Трансродова личност бара ознака „Х“ за полот во својот пасош

Сподели со своите пријатели

Девет американски сојузни држави поднесоа барање до Апелацискиот суд во Денвер на трансродова личност Дани Зим да и се дозволи во пасошот да се изјасни со неизбран пол, односно со симболот „Х“ наместо машко или женско.

Loading...

Државните обвинители на Калифорнија, Колорадо, Мејн, Минесота, Невада, Њу Џерси, Орегон, Вермнот и Вашингтон сметаат дека не може да се одбие барањето на Дани Зим за издавањ пасош, пренесува Ап.

Таа трансродова личност се идентификува како неизбран пол, наведува Ап, а поднела тужба против државата, но судот во Денвер ги одбил обвиненијата.

Американските сојузни држави поднеле барање до судот во кое велат дека дозволуваат неизбрани одредници за полот во личните документи и дека тоа не прави никакви компликации.

Меѓународната цивилна авијација, Организацијата на Обединетите Нации која ги поставува стандардите за меѓународните патни исправи, смета дека полов во овие исправи може да биде обележан како машки, женски и „Х“ за неспецифични полови.

Leave a Reply