Трамп: Зеленски ќе потпише „многу голем“ договор за минерали

Сподели со своите пријатели

САД и Украина постигнаа договор со кој се обезбедува пристап до ретките минерали и другите природни ресурси на оваа европска земја, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.

Loading...

Говорејќи во Белата куќа, Трамп ги потврди претходните извештаи дека постигнал договор со украинскиот претседател Володимир Зеленски за развој на природните ресурси на Украина.

„Слушам дека доаѓа во петок. Секако, мене ми е добро ако тој сака. И тој би сакал да го потпише со мене и разбирам дека тоа е голема работа, многу голема работа“, им рече Трамп на новинарите во Овалната соба.

Тој додаде дека договорот би можел да вреди трилион долари и ќе обезбеди американските даночни обврзници „да си ги вратат парите, плус повеќе“.

„Трошиме стотици милијарди долари за Русија и Украина да водат војна која никогаш, никогаш не требаше да се случи“.

На прашањето што ќе добие Киев за возврат, Трамп наведе помош вредна 350 милијарди долари за која тврди дека е веќе обезбедена, како и „воена опрема и право на борба“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Трамп ефект“. ЕУ ги ограничува ригорозните „зелени регулативи“

Американскиот Конгрес одвои 174 милијарди долари за Украина помеѓу 2022 и 2024 година, според Конгресната служба за истражување.

Поправка на односите

Изјавите на Трамп уследија по медиумските извештаи дека САД и Украина постигнале договор откако Зеленски го отфрли претходниот нацрт со кој би се потпишале правата на природните ресурси во вредност од 500 милијарди долари.

Loading...

Напредокот во преговорите доаѓа додека Украина се обидува да ги поправи односите со администрацијата на Трамп во услови на тензии поради неговата одлука да го исклучи Киев од разговорите со Москва за ставање крај на војната.

Обраќањето на Трамп до рускиот претседател Владимир Путин и неговите вербални напади врз Зеленски предизвикаа загриженост во Киев и европските метрополи дека тој е склон да бара брз крај на конфликтот под услови поволни за Москва.

Американскиот лидер минатата недела го нарече Зеленски „диктатор“ поради неговата одлука да ги суспендира изборите по инвазијата на Москва во 2022 година и го обвини украинскиот лидер дека избегнува мировни напори за да може да продолжи да добива американска помош.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп им нуди „златни карти“ на странците: Што се тие и за што служат?

Деталите се непознати

Известувајќи од Киев, Чарлс Стратфорд од Ал Џезира рече дека украинските власти веруваат дека владата ќе му препорача на Зеленски во среда да го потпише договорот со Трамп.

„Ова е многу значајно, бидејќи секако, според Украинците со кои разговаравме цела недела, овој договор се смета за средство за Доналд Трамп во основа да го добие она што го сака“, додаде Стратфорд.

Иако Зеленски првично го отфрли договорот бидејќи „нема доволно безбедносни гаранции“, Стратфорд рече дека Трамп оттогаш извршил „значаен дополнителен притисок“.

Иако целосните детали од договорот не се потврдени, повеќе медиуми објавија дека Украина ќе инвестира 50 отсто од приходите од идната монетизација на своите ресурси во заеднички фонд, кој би инвестирал во проекти во Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Американскиот суд ја укина смртната казна за човек кој со децении чекал погубување

Нацрт-текстот, наводно, не вклучува експлицитни американски безбедносни гаранции.

Loading...

„Фајненшл тајмс“, кој прв ја објави зделката, објави дека допрва треба да се утврди големината на уделот на Вашингтон во фондот.

Ресетирање по војната на зборови

Метју Сасекс, визитинг соработник во Центарот за стратегиски и одбранбени студии на Австралискиот национален универзитет, рече дека договорот ќе им даде на Вашингтон и Киев „начин да се ресетираат по неодамнешната војна на зборови“.

„Колку што разбрав, САД значително ги олеснија своите барања. Ова го прави договорот поприфатлив за Киев, иако нема приложени безбедносни гаранции: во суштина, Украина не добива ништо, но ниту таа не мора да даде многу“, изјави Сасекс за Ал Џезира.

Според податоците на ОН, се верува дека Украина поседува приближно пет отсто од светските резерви на ретки метали.

Минералите, кои вклучуваат лантан, цериум и прасеодимиум, се клучни состојки во производството на електроника, батерии и магнети, меѓу другото.