Трамп за руските напади врз Украина: Бомбардираат како луди

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „не е задоволен“ од руските напади во Украина, додека САД се обидуваат да посредуваат за завршување на борбите меѓу двете земји.

Loading...

– Не сум среќен што се случува со бомбардирањето, бидејќи бомбардираат како луди во моментов. Тие бомбардираат – не знам што се случува таму. Не е добра ситуација – изјави Трамп за време на средбата во Овалната соба со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, пренесува Си-Ен-Ен.

Тој оцени дека ситуацијата „не е најдобра“ и истакна дека американската страна продолжува да се среќава со Русите и Украинците и дека донекаде „се движи напред“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп ќе им дава пари на имигрантите да ги напуштат САД?

– Но, не сум задоволен од бомбашките напади што се случуваат последната недела. Тоа е ужас, тоа е страшна работа – рече Трамп.

Забелешките на Трамп следеа по прашањата зошто неговиот нов тарифен план не вклучува никакви царини за Русија. Трамп рече дека САД не прават бизнис со Русија „бидејќи таа е во војна“.

Американскиот претседател, исто така, рече дека е „лут“ поради неговиот неодамнешен разговор со рускиот лидер Владимир Путин, кој го отфрли неговиот предлог за целосен и итен прекин на огнот во Украина.