ТРАМП: Северна Кореја на листата земји кои поддржуваат тероризам

Сподели со своите пријатели

Претседателот на САД, Доналд Трамп соопшти дека САД ќе ја стават северна Кореја на листата земји за кои Стејт Департментот смета дека го поддржуваат меѓународниот тероризам.

Трамп вели дека за Северна Кореја ќе има наменето дополнителни санкции, тврдејќи дека Пјонгјанг одамна требало да се најде на листата и дека ова е дел од кампањата на максимален притисок против таа држава.

Моментално на листата се наоѓаат Иран, Судан и Сирија.

– Покрај тоа што им се закануваат на светот со нуклеарно уништување, Северна Кореја во повеќе наврати поддржа чинови на меѓународен тероризам, вклучувајќи ги и атентатите на странска територија, вели Трамп, а пренесува АП.

Американските власти го наведуваат примерот за атентат на полубратот на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун минатата година, на меѓународниот аеродром во престолнината на Малезија, Куала Лумпур.

Одлуката Северна Кореја да се стави на таа листа, повторно по откако во 2008 година беше отстранета со цел да се дојде до договор и да се заврши нивниот нуклеарен програм.

Контресмените на САД вршат притисок врз Трамп, Северот повтрорно да се стави на листата држави кои поддржуваат тероризам, поради напредок во ракетните и нуклеарните програми на Пјонгјанг.