Трамп: САД се подготвени да продолжат со воените напади врз Иран ако е потребно

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави за Ројтерс дека Катар и Саудиска Арабија се заинтересирани за мирно решение на конфликтот со Иран, но дека САД се подготвени да продолжат со воените напади доколку е потребно.

Трамп, кој се сретна со премиерот на Катар претходно денес, рече дека Катар би претпочитал мирно решение, како и дека Саудиска Арабија би претпочитала мирно решение, но додаде дека САД се подготвени да преземат акција, односно да извршат напади, „кога сакаат“.

Сепак, според Ројтерс, Трамп посочи дека не брза да го продолжи нападот, истакнувајќи дека е задоволен од поморската блокада што САД ја спроведуваат против Иран во Ормутскиот теснец.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Рубио во Париз: Сојузниците сакаат да знаат што планира Трамп по поразот на републиканците

„Ќе видиме како ќе се одвиваат работите. Подготвен сум“, заклучи Трамп во краткиот телефонски разговор со Ројтерс.