Американското Министерство за внатрешна безбедност објави нови заострени наредби, кои предвидуваат почеток на поширока акција против нелегални имигранти.
Со тоа ќе бидат опфатени скоро на 11 милиони странци без документи.
Во два меморандуми, кои ги потпишал министерот за внатрешна безбедност Цон Кели, се наложува на граничната патрола и имиграционата полиција во најкраток временски период да ги депортираат сите нелегални имигранти, освен неколку исклучоци, обично кога се во прашање деца, наведува АФП.
Ројтерс истакнува дека тие акти претставуваат план за примена на извршните наредби за граничната бзбедност и миграција, која Трамп на потпишал на 25 јануари.
Како објасува Ројтер, во плановите на министерството се наведува дека администрацијата на американскиот претседал ДОнал Трамп ќе ги остави заштитните одредби за имигранти кои нелегално влегле во САД, како децата, но се истканува дека тоа нема да се однесува на сите останати илегални имигранти.
Извори од министерството на новинарите им рекле дека иако секој имигрант кој нелегално престојува во земјата би можел да биде депортиран, но приоритет ќе им се даде на оние кои претставуваат закана.
Во прашање се лица кои недоамна влегле во земјата, осудени криминалци и лица против кои е покренато обвинение за некој злочин, но се уште не се осудени.
Loading...