Трамп: Постои оружје што би ги уништило Њујорк и Јужна Каролина со еден удар

Сподели со своите пријатели

Коментарите на Доналд Трамп за опасноста од нуклеарно оружје што „би може да ги уништи и Њујорк и Јужна Каролина“ предизвика бројни реакции во САД.

Loading...

За време на интервјуто со водителката на Фокс Њуз, Лора Инграхам, Трамп рече дека е загрижен за безбедноста на неговите поддржувачи.

„Загрижен сум за нивната безбедност. Тие луѓе, како и сите во оваа просторија, се во голема опасност во моментов. Има нуклеарно оружје кое, ако го погоди Њујорк, ќе ја уништи Јужна Каролина“, рече Трамп.

Јужна Каролина, инаку, е родната држава на Ники Хејли, противкандидатката на Трамп во борбата за републиканската претседателска номинација.

Засега нема објаснување што точно мислел Трамп, а многумина се сомневаат во вистинитоста на неговите тврдења.