Претседателот на САД, Доналд Трамп наводно се подготвува да ја засени инаугурацијата на избраниот претседател Џо Бајден, што ќе биде на 20 јануари, така што ќе организира опозициски митинг на кој ќе ја потврди кандидатурата на изборите во 2024 година, објави британскиот весник Индипендент.
Весникот посочува дека Трамп планира да замине од функцијата во „драматичен стил“, користејќи го овластувањата што ги има како претседател.
Покрај митинг, Трамп планира да замине од Белата куќа со претседателскиот авион „Ер форс 1“ и да слета во Флорида, каде ќе им се обрати на своиете приврзаници.
Претходно Ен-Би-Си објави дека Трамп немада присуствува на инаугурацијата на Бајден, а најверојатно нема да испрати покана до Бајден и неговата сопруга Џил да ја посетат Белата куќа, што е обичај во САД.
Марина Илиевска