Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека Соединетите Американски Држави повторно му зададоа многу силен удар на Иран за време на синоќешниот напад, во чест на тројцата американски војници кои загинаа во претходните денови.
„Вечерва повторно ги погодивме многу силно, и тоа го направивме во чест на веројатно тројца големи патриоти“, изјави Трамп за новинарите по враќањето во Вашингтон по финалето на Светското првенство, објави Скај њуз.
Трамп рече дека војниците кои загинаа се бореле да го спречат Иран да се здобие со нуклеарно оружје.
Двајца американски војници беа убиени во Јордан минатата недела од ирански напади со балистички ракети и беспилотни летала.
Трет американски војник беше убиен во Ирак во саботата за време на контролираната детонација на иранска експлозивна направа по напад со беспилотно летало.
Од почетокот на конфликтот со Иран, 17 припадници на американската војска се убиени, додека повеќе од 420 се ранети.
Министерството за здравство на Иран во саботата објави дека 50 лица се убиени во американските напади во текот на изминатите три недели.

