Трамп го стопираше финансирањето на Светската здравствена организација

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Доналд Трамп им рече на новинарите дека наредил неговата администрација да престане со финансирање за Светската здравствена организација (СЗО).

Loading...

За време на прес-конференцијата на работна група за коронавирус, Трамп го обвини СЗО дека знаеле за сериозноста на вирусот во Кина пред да го предупредат остатокот од светот за потенцијална пандемија.

Три места на кои би биле сигурни од коронавирусот, само ако би ве пуштиле внатре (ВИДЕО)

Тој истакна дека финансирањето на САД за СЗО ќе биде стопирано додека трае истрагата, додавајќи дека СЗО не успеала да обезбеди навремена и точна размена на информации во врска со вирусот.

Трамп смета дека СЗО е одговорна за економски хаос и илјадници смртни случаи на коронавирус.

„Тие не ја завршија својата основна должност и за тоа мора да одговараат“, вели Трамп.

„Толку многу смртни случаи се предизвикани од нивните грешки“, рече американскиот претседател додавајќи дека илјадници животи би биле спасени доколку СЗО ја завршиле својата работа како што треба.

Како Нов Зеланд го победи коронавирусот?

Loading...

Трамп со недели зборуваше против СЗО, а уште на 7 април, тој посочи дека тие би можеле да останат без американските пари.

Трамп претходно ја критикуваше СЗО дека е премногу „ориентиран кон Кина“.

САД обезбедија 893 милиони американски долари во текот на двегодишниот период на финансирање на организацијата, додека Кина издвои околу 86 милиони американски долари во истиот период.

Leave a Reply