Трагедија кај Сенегал: Најмалку 34 лица загинаа кога се преврте чамец со мигранти

Сподели со своите пријатели

Бројот на загинати при превртување на чамец со мигранти покрај брегот на Сенегал се искачи на 34, објавија денес сенегалските власти.

Несреќата се случила во близина на Кебемер, околу 180 километри северно од главниот град Дакар, а според досега достапните податоци, само едно лице е спасено од морето, пренесува Ројтерс.

Во соопштението на сенегалското Министерство за внатрешни работи се наведува дека во бродот имало нелегални мигранти, но не е прецизирано колку луѓе биле во него кога се превртел и потонал.

Локалната невладина организација „Акција за човекови права и пријателство“ денес го повика Националното собрание да спроведе истрага за тоа како Сенегал „управува со миграцијата“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пожар во повеќекатница во Кина: Најмалку 14 лица загинаа (ВИДЕО)

Илјадници луѓе загинаа во изминатите години обидувајќи се да стигнат до шпанските Канарски Острови од Западна Африка, вклучувајќи 635 во првите пет месеци од оваа година, според групата за права на мигрантите „Пешачење граници“.