„Тошиба“ го намалува бројот на работници, над 3.000 вработени одат во предвремена пензија

Сподели со своите пријатели

Повеќе од 3.000 вработени во јапонската компанија „Тошиба“ во Јапонија го прифатиле предлогот на компанијата за предвремено пензионирање, јавува агенцијата Кјодо, повикувајќи се на анонимни информирани извори.

Loading...

Споменатите работници до крајот на ноември ќе ја напуштат компанијата и ќе добијат пари и помош за наоѓање нова работа, велат изворите.

Дополнително, планирано е неколку стотици вработени во „Тошиба“ да бидат прераспоредени во сектори кои покажуваат раст како што е инфраструктурниот бизнис, а реструктуирањето нема да го заобиколи седиштето на компанијата во Токио.

„Тошиба“ претходно во мај најави дека ќе ја намали работната сила во Јапонија за шест отсто, односно ќе укине 4.000 работни места, а на вработените им беа понудени пакети за предвремено пензионирање, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  НОВОГОДИШНА КОШНИЦА: Пониски цени на над 650 производи

Компанијата „Тошиба“ на крајот на септември вработила повеќе од 65.000 работници во Јапонија, а се очекува на крајот на фискалната година која завршува во март 2025 година да забележи финансиска загуба поради тековното реструктуирање.