Торнадо низ САД: Бебе загина во Оклахома, повредени уште четири лица

Сподели со своите пријатели

Според последните информации, најмалку пет лица, меѓу кои и едно дете (4), страдаа во серијата разорни торнада што минатиот викенд ги погодија централните делови на САД.

Loading...

Како што јави Би-Би-Си, четири лица загинаа во Оклахома, додека едно го загуби животот во Ајова.

Силното невреме кое започна во петокот предизвика значителна материјална штета, а десетици илјади луѓе останаа без струја.

Вонредна состојба е прогласена во повеќе од 12 окрузи во Оклахома.

Во сојузните држави Небраска и Ајова се регистрирани дури 70 торнада.

Националната метеоролошка служба потврди дека прелиминарните податоци покажале дека некои од торнадата имале брзина на ветер до 136 милји на час (околу 218 километри на час).

Невремето се протегаше од Тексас до Мисури и за само неколку часа наврнаа околу 18 сантиметри дожд на метар квадратен, пренесе АФП.

На социјалните мрежи беа објавени бројни видеа од штетите на кои се гледаат уништени куќи и превртени автомобили.

Loading...

Службите за итни случаи во Оклахома регистрирале најмалку сто повреди за кои била потребна медицинска помош.

„Ќе се вратиме, ќе ги исчистиме урнатините, ќе изградиме куќи и ќе продолжиме напред“, рече претседателот на Домот на Оклахома, Чарлс Мекол.

Гувернерот на Оклахома Кевин Сит изјави дека во неколку градови најголемата штета што ја видел во последните шест години откако е на чело на државата.

„Видов како доаѓа големо торнадо. Имав доволно време само да ги засолнам децата и мојата сопруга. Сè беше уништено. Населбата не постои. Им помагавме на затрупаните да излезат од урнатините – рече Брент. Ричардсон, еден од жителите на Омаха.

Американскиот претседател Џозеф Бајден разговараше со гувернерот на Оклахома и понуди федерална помош за најранливите области.