Топовска граната пронајдена во Шупли Камен

Сподели со своите пријатели

Неексплодирана топовска граната била пронајдена од страна на кумановец во нива во селото Шупли Камен.

Loading...

– На 26.01.2024 година, во СВР Куманово З.С. пријавил дека во неговата нива во село Шупли Камен, кумановско пронашол неексплодирана топовска граната, инфорираат од Секторот за внатрешни работи.

Екипа од СВР Куманово извршила увид, а гранатaтa билa безбедно подигнатa од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување за понатамошна постапка.

Никола Ивановски