Топлата вода на Средоземното Море го загрозува морскиот живот

Сподели со своите пријатели

Додека туристите уживаат во топлите води на Средоземното Море, научниците кои ја проучуваат климата предупредуваат на страшни последици за морскиот живот.

Loading...

Од Барселона до Тел Авив, научниците велат дека сме сведоци на извонреден пораст на температурите на морето, кои се движат од три до пет целзиусови степени над нормалните вредности за овој период од годината, пренесе АП.

Температурата на водата понекогаш надминува 30 степени Целзиусови.

Ситуацијата е многу загрижувачка, изјави Хоаким Гарабу, истражувач во Институтот за морски науки во Барселона.

„Мораме да преземеме мерки за климатските прашања што е можно поскоро“, рече тој.

Гарабу е дел од тимот кој неодамна објави извештај за топлотните бранови во Медитеранот помеѓу 2015 и 2019 година.

Во извештајот се наведува дека овие појави доведоа до масовно исчезнување на различни морски видови.

Околу 50 видови, вклучувајќи корали, сунѓери и алги, се погодени долж брегот на Медитеранот, според студијата објавена во списанието Global Change Biology.

Loading...

Состојбата во источниот медитерански басен е особено тешка.

Водите покрај Израел, Кипар, Либан и Сирија се најжешките точки во Медитеранот, рече Гил Рилов, од Израелскиот институт за океанографски истражувања и еден од коавторите на студијата.

Просечните температури на морето во текот на летото сега се постојано над 31 целзиусов степен.

Според Рилов и неговите колеги, губењето на биодиверзитетот ќе влијае на западниот дел на Медитеранот, Грција, Италија и Шпанија во наредните години.