Том Круз започнува соработка со НАСА: Ќе снима филм во вселната!

Сподели со своите пријатели

Актерот Том Круз чека специјална мисија „Вселенско-филмска“, која многумина ги остави во шок.

Loading...

Имено, со поддршка на Илон Маск, ѕвездата од филмскиот серијал „Невозможна мисија“ е подготвена да полета, заедно со режисерот Даф Лиман, со цел да снимаат кадри за сè уште неименуваниот филм.

Како што се наведува, Круз и Лиман следната година навистина ќе патуваат на Меѓународната вселенска станица во капсулата „Axiom Space Crew Dragon“,сопственост на  Маск, а чиј проект е поддржан од НАСА.

 

https://www.instagram.com/p/B-fYBm7DYyZ/?utm_source=ig_embed

 

Доколку проектот навистина продолжи, тоа ќе биде првиот филм некогаш направен во вселената.

НАСА првпат објави во мај минатата година, кога администраторот напиша на Твитер:

Loading...

„НАСА е возбудена што работи со Том Круз на филм на вселенската станица! Потребни ни се популарни медиуми за да инспирираме нова генерација инженери и научници да ги реализираат амбициозните планови на НАСА”.

Leave a Reply