Тодоров во Куманово го посети персоналот на Итната медицинска помош

Сподели со своите пријатели

Како што информира Министерството за здравство на официјалната веб страна, Министерот за здравство, Никола Тодоров денеска остварил посета на  Општата болница и службата за Итна медицинска помош при Здравствениот дом.

Loading...

?????????????

Министерот се сретна со докторите, медицинските сестри и останатиот персонал кој беше ангажиран за време на настаните изминатите два дена. На средбата, министерот беше детално запознаен со постапувањето на медицинските тимови околу третманот на повредените лица, пишува во соопштението на министерството.

Воедно, министерот при посетата упатил благодарност до медицинските тимови за навремената реакција, пожртвуваноста, максималните заложби за укажување помош на повредените, како и покажаната професионалност и стручност.

kumanovo-poseta-foto5

Во рамки на посетата на Куманово, министерот Тодоров, придружуван од пратеникот Зоран Ѓорѓиевски, се потпиша во отворената книга на жалост и се сретна со локалното население.

Посетата на Тодоров на Куманово не беше најавена кај локалните медиуми.

Leave a Reply