Тоалети и тушеви за кучиња наскоро на овој аеродром

Сподели со своите пријатели

Аеродромот „Итами“ со седиште во Осака става тоалети за кучињата кои се на патување, во кој е вклучен и посебен држач на кој може да ја потрпат ногата.

Loading...

Тоалетите ќе бидат лоцирани во ограден двор надвор од терминалот, а ќе има и тушеви и садови за вода, соопшти операторот „Кансаи ерпорт“.

Зошто кучињата никогаш не смеат да јадат чоколадо?

Во соопштението се вели дека по олеснувањето на миленичињата ќе може и да „се пушти вода“, пренесува Ројтерс.

Тоа ќе биде првиот пријателски објект за кучиња на јапонски аеродром, а целта е да ги охрабри домашните миленици да ги завршат итните нужди пред да тргнат на домашни летови.

Доказ дека кучињата се повоспитани од некои луѓе (ВИДЕО)

Службените кучиња на аеродромот смеат да ги користат тоалетите за инвалиди, но по нивната нужда ќе мора да се чисти.

Leave a Reply