Тинејџер од Мичиген осуден на доживотен затвор поради масовно убиство во училиште

Сподели со своите пријатели

Тинејџер од Мичиген, Итан Крамбли, беше осуден на доживотен затвор за убиство на четворица ученици и ранување на шест ученици и наставник во средното училиште Оксфорд во 2021 година.

Loading...

Судијата Кваме Роу ги отфрли молбите на бранителот на Полет Мичел Лофтин за пократка казна за 17-годишниот тинејџер и се погрижи тој да не добие шанса да побара условна казна, пренесува АП.

Судијата ја донесе одлуката по повеќе од 20 изјави на семејствата на загинатите и на преживеаните кои зборуваа за тоа како трагедијата влијаела врз нив.

„Не можев да се сопрам. Јас сум навистина лош човек. Направив ужасни работи“, рече Крамбл, кој во моментот на нападот имаше 15 години, пред изрекувањето на пресудата.

Крамбли, кој се изјасни за виновен по 24 точки од обвинението, вклучително и убиство од прв степен и тероризам, рече дека му е жал и вети дека ќе се промени додека е зад решетки.

Родителите на малолетниот стрелец, Џенифер и Џејмс Крамбли, исто така се во окружниот затвор и го чекаат судењето под обвинение за ненамерно убиство од небрежност, бидејќи го ставиле пиштолот на располагање и за занемарување на менталното здравје на детето, според АП.

Крамбли и неговите родители се сретнале со училишниот персонал на денот на пукањето откако наставникот забележал цртежи на насилни сцени, но никој потоа не го проверил неговиот ранец, во кој имало пиштол.

Во текот на судењето беше наведено дека малолетниот напаѓач во својот дневник пишувал за неговата желба да гледа како учениците страдаат, но и за веројатноста да го помине животот во затвор, додека ден пред пукањето во училиштето, снимил видео на кое објаснил што ќе прави следниот ден.

Loading...