Локален рибар од Бангладеш, кој пред 23 години бил нападнат од тигар, наскоро би требало да замине на операција која по толку години криење зад маска, би му помогнала да го смени животот.
Четирисет и петгодишниот Хашмот Али спиел во приврзан брог кога тигарот го нападнал и го оскатил за цел живот. Повеќе од 20 години се криел зад маска затоа што не сакал луѓето да го осудуваат. Дури неодамна го покажа лицето и си ја отвори душата пред камера.
Пред таткото на три деца сега претстои операција во Дака, главниот град на Бангладеш.
Loading...
– Морам да го поправам деформираното лице. Сакам повторно да живеам гордо, не сакам да се кријам зад маска. Доволно долго се криев, сега сакам да живеат и да бида среќен со децата, вели тој.
Низ години веќе бил на неколку операции, но обидите да му ја реконструираат левата срана од лицето не биле успешни.
– Сонувам за тоа да се дружам со луѓе со леснотија и притоа да се чувствувам пријатно. Уморен сум од криење, додава Али.