Тие се милијардери на триесет години, а парите ги заработиле сами

Сподели со своите пријатели

Од самиот почеток верувале во себе и доста млади се посветиле на бизнисот. Ви ја пренесуваме листата на милијардери во своите триесети години кои своето богатство го должат само на својата работа и труд.

Loading...

Нејтан Блечарзик (31)

maxresdefault

Овој млад човек е косопственик и извршен директор на „Аирбнба“ (скратено од Air Bed & Breakfast) компанијата која е наменета на луѓето да ги изнајмат своите некретнини, но и изнајмуваат и туѓи. Во понудата нема хотели и хостели туку приватни апартмани, соби, куќи, станови, бродови и сл. На самиот почеток оваа година, по проценките од денот на основањето оваа компанија во 2008 година, преку 30 милиони луѓе користеле од нивните услуги. Тој има вкупна вредност од 1,9 милјарди долари.

Елизабет Холмс (31)

a-look-inside-the-insanely-successful-life-of-elizabeth-holmes-the-worlds-youngest-self-made-female-billionaire

Нејзината компанија моментално вреди десет милијарди долари и е плаканица во лице на сите кои во 2004 година ја одговарале од студирањето хемија за да основа свој сопствен бизнис. Холмс основала компанија за брзи крвни тестови кога имала само 19 години. Нејзината фирма денес вреди околу 10 милијарди долари и има 500 вработени. Направила и аптеки како подбренд на компанијата. Годишно само во САД, направи милијарди крвни прегледи.

Еван Спиегел (25)

Loading...

180205469

Најмладиот американски милијардер е Еван Спиегел. „Тежи“ 1,5 милијарди долари, а основач е и директор на Snapchat, апликација за фото пораки. Snapchat започнал како проект на кој тој работел додека бил студент во Стенфорд, а како проектот се развивал станувал се повеќе популарен кај студентите. Спиегел набргу сфатил дека со него може да се обогати, па го лансирал и за пошироката јавност. Сега апликацијата е вредна 10 милијарди долари и е една од најкористените апликации.

Павел Дуров (31)

iJK3BtdNycYk

Овој Русин е коосновач на популарната руска социјална мрежа „ВКонтакте“ која успешно ја презема улогата на Фејсбук во Русија. Познат и како „руски Марк Зукенберг“, а ја напуштил Русија кон крајот на минатата година тврдејќи дека власта сака да ја преземе контролата над неговата компанија.

Максим Ноготков (38)

pt_1594_843_o

Московецот, Максим Ноготков е трговец со висока технологија, банкар и инвеститор, станал првиот Русин кој се нашол на Форбсовата листа на млади милијаредери, а за разлика од многу млади богати Руси, тој својот имот го стекнал сам. Ноготков првите успеси ги доживеал продавајќи калкулатори, стерео уреди и друга електронска опрева во еден московски трговски центар.

Loading...

Според сопствено признание, Ноготков одсекогаш сакал да биде бизнисмен. Желбата з ауспех била толку силна, што и покрај високите оценки го напуштил факултетот за да се сврти кон бизнисот.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.