Theatre: deconstructed – Уметничката инсталација која го красеше МТФ „Денови на комедија“

Сподели со своите пријатели

Theatre: deconstructed претставува уметничка инсталација која изминатите две недели го красеше фоајето на Центарот за култура „Трајко Прокоппиев“ на годинешното издание на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија 2022“.

Loading...

 

 

Инсталацијата изработена од Давид Стојанвоски, Крсто Богојевски и Кристина Лозановска има за цел да ја ослика театарската реалност.

– Центарот на композицијата организиран во чиста и строга по форма рамка го интепретира финалниот продукт донесен на сцена со имагинарна перцепција за просторот и времето. Сегментите деконструирано распоредени во просторот ги симболизираат сите фази на создавање на едно театарско дело, од читање на текстови, формирање на сценографски елементи, изработка на костими, целиот нивен хаос кој владее низ креативниот процес, појаснува Давид Стојановски, еден од авторите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Уживајте во сонце!

 

Loading...

 

Инсталацијата како таква, вели тој, има за цел низ мисловна интеракција да ја предизвика публиката, набљудувајќи ја да создаде слика за содржината, костимографските и сценографските сегменти трансформирајќи ги во сопствена театарска режија.

 

 

Инсталацијата беше претставена и пред министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска на отворањето на 25то издание на фестивалот „Денови на комедија“, а ќе биде изложена се до неговото затворање на 15ти месецов.

 

Loading...

 

Проектот е финансиски поддржан од Министерството за култура.

Никола Ивановски