„Тежат“ милијарди, но на своите деца нема да им го остават сето богатство

Сподели со своите пријатели

Списокот на оние кои нема да се „офајдат“ од тоа што нивните родители се милијардери станува се подолг.

Loading...

Тоа што нивните родители се меѓу најбогатите луѓе во светот за децата на одредени милијардери не значи дека ќе уживаат во нивните пари.

Барем не сите.

Тоа е долг список на потомци кои нема да се офајдат од тоа што нивните родители се богати, а со тоа сакаат да им покажат дека мораат да се борат за себе и да создадат кариери и дека нивниот живот не треба да се темели на претходните генерации што создале богатство.

Некои милијардери повеќе сакаат да формираат хуманитарцни организации и фондации и да трошат на луксуз отколку да им оставаат пари на децата.

Во продолжение се 10-те светски милијардери кои донеле вакви одлуки:

1. Ворен Бафет

Деловниот магнат Ворен Бафет вети дека ќе донира 99 проценти од своето богатство во текот на животот или по смртта.

Loading...

Во своето писмо до фондацијата „Гејтс“, тој напиша: „Ќе оставам доволно на моите деца да можат да прават што сакаат, но не доволно за да не работат ништо“.

фото: youtube printscreen

2. Пјер Омидјар

Основачот на Ибеј, Пјер Омидјар стана милијардер кога имал 31 година, но тој го посветил својот живот на давање на оние кои немаат ништо наместо на своите деца.

Пред три години, тој се обврза да донира средства за хуманитарни организации и постојано инвестира во мрежата Омидјар, неговата филантропска инвестициска фирма.

Пјер и неговата сопруга Пем се исто така најголемите приватни донатори во борбата против трговијата со луѓе.

Loading...
фото: Википедија

3. Џин Симонс

Рок-легендата Џин Симонс се стекна со богатство почнувајќи од нула. Роден е во Израел, а потоа се преселил со својата мајка во Квинс и формираше еден од најуспешните бендови на сите времиња – „Кис“.

Басистот Симонс сака неговите деца, Ник и Софи, да го доживеат тоа, велејќи пред неколку години дека „ќе бидат згрижени, но тие никогаш нема да бидат богати од неговите пари, бидејќи секогаш ќе мора да излезат од кревет и да ги заработат своите пари сами“.

фото: youtube printscreen

4. Џина Рајнхарт

Најбогатата жена во Австралија, исто така, не сака да им остави богатство на своите деца иако таа ја наследила успешната компанија од нејзиниот татко, Ленг Хенкок.

Loading...

Нејзините деца биле наведени и како наследници во тестаментот на нивниот дедо, но Џина не смета дека четворицата од нив се способни да управуваат со семејното наследство.

фото: Википедија

5. Бил Гејтс

Основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс е еден од најбогатите луѓе во светот, но тој и неговата сопруга Мелинда не планираат да го сочуваат целото богатство за себе и за нивните три деца.

Тој изјави дека знае дека не е добра идеја сите пари да ги остави на своите деца.

Loading...

Наместо тоа, Бил и Мелинда ја основаа Фондацијата Гејтс уште во 1994 година, како и програмата „The Giving Pledge“,што ги поканува другите богати лица да донираат половина од нивните средства во добротворни цели.

фото: Википедија

6. Џеки Чен

Актерот Џеки Чен во 2011 година изјави дека ќе донира половина од своите средства во добротворни цели, откако тој ќе почине. Тој додава дека нема да остави ниту еден од заработените милиони на својот син Џеси.

Loading...

– Ако е во можност, тој ќе ги заработи своите пари. Ако не, тогаш само ќе ги троши моите“, рече Чен.

https://www.instagram.com/p/BtKYzGIhrTY/

7. Најџела Ловсон

Британската готвачка Најџела Ловсон е најпродавана авторка и добро позната телевизиска личност, што и овозможи да стане милионер уште пред да се омажи за тајкунот Чарлс Сачи.

Иако пораснала во богато семејство, таа не сака да си го дозволи тоа на своите деца, тврдејќи дека луѓето стануваат корумпирани ако не треба да заработат пари.

Loading...
фото: Википедија

8. Тед Тарнер

Медиумскиот магнат Тед Тарнер е еднакво познат по тоа што заработува пари, но истите и ги споделува.

Откако беше збогатен со основањето на Си-Ен-Ен и ТБС, Тарнер донираше милијарди долари на фондациите, вклучувајќи ги и Обединетите нации.

Има пет деца од три брака, но тие не се надеваат на големо наследство. Тарнер рече дека во 2010 година бил на работ на сиромаштијата и само посакал да има доволно пари за да ги покрие трошоците за неговиот погреб.

Loading...
фото: Википедија

9. Џорџ Лукас

Режисерот и продуцент Џорџ Лукас вети дека ќе донира најмалку половина од своето богатство до смртта, претежно во образовни цели. Лукас, татко на четири деца, одлучил да ги донира своите пари во добротворни цели и 4 милијарди долари што ги добие од компанијата Дизни за Лукас Филмс.

фото: Википедија

Loading...

10. Т. Бун Пикенс

Нафтениот магнат исто така ветил дека најмалку половина од средствата ќе завршат во рацете на хуманитарни фондации и организации.

На прашањето дали ќе им остави нешто на своите деца, тој одговорил:

– Сакам да заработувам пари и сакам да го дадам тоа… Јас не сум голем обожавател на наследното богатство затоа што тоа прави повеќе штета отколку добро.

Истиот почина на 11 септември 2019 година.

фото: Википедија

Leave a Reply