10.10.2018 02:18

Тетоважи на овие делови од телото можат да ве чинат работа и кариера


Многу професии имаат ригорозни правила кога е во прашање изгледот на кандидатите кои ги вработуваат.

Сигурно сте слушнале за правилото дека стјуардесите не смеат да имаат тетоважи, но и бројни други професии не се пријателски настроени кон слики на телото, без разлика што тие се покриени.

Љубителите на тетоважи полудеа по нов тренд (ФОТО)

Доколку сепак добиете работа, малку е веројатно дека ќе ја загубите доколку надредените дознаат дека имате тетоважа.

– Никој не добива отказ затоа што има тетоважа кога веќе е примерн на работа. Во многу бранши, шефовите и колегите само ќе стиснат раменици и ќе се навикнат да ве гледаат така, рекла ХР Лори Туетиман.

Постојат два типа на тетоважи кои не минуваат лесно: оние кои се наоѓаат на врататот и оние на лицето. Ваквите тетоважи најверојатно ќе ве дисквалификуваат за работата ако во прашање е стапување во контакт со клиенти.

Тетоважите станале исклучително популарни па ги има секој петти Американец. Тетоважите кои се наоѓаат од линијата на вратот па нагоре не се оние кои се толерираат со ветот на бизнисот. Ана Фелистри Фридман која го води сајтот Тату Хисториан, истакнала дека тетоважите се исклучително популарни меѓу музичарите и дека некои од нив се многу шокантни.

Помалку контроверзни, но сепак дискутабилни се тетоважите по рацете. Како ќе ве прифатат колегите сепак зависи од работата која ја имате.

Тетовирал 90 отсто од телото и ги отстранил гениталиите – му ги прекривале тетоважите (ФОТО)

– Во адвокатска канцеларија луѓето ќе ја забележат тетоважата на раката и почесто околку во фирма која се занимава со технологија и каде 9 од 10 луѓе имаат тетоважи, рекла Вики Салеми, експерт за кариера.

Без ралика дали тетоважата е на вашито врат, рака или стопало, имајте на ум дека малку се оние лекари кои имаат тетоважи. Важно е било која тетоважа добро да ја криете кога се занимавате со одговорна професија или да заземете висока позиција. Што повеќе напредувате во кариерата, толку повее вашиот изглед ќе биде проценуван без оглед на професијата со која се занимавате.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments