Тешко повреден кумановец при работа во фабрика

Сподели со своите пријатели

Шеесет и петгодишен кумановец се здобил со тешки телесни повреди додека извршувал работни активности во фабрика.

Loading...

– На 17.03.2025 во 12.45 часот во СВР Куманово, од Општа болница Куманово било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен С.Д.(65) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фабрика во Куманово.

Известен бил јавен обвинител, а увид извршила екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  31-годишен пациент почина во кумановската болница (ВИДЕО)