Терорист во Англија го тужел пабот. Го навредувало логото и натписот на влезот

Сподели со своите пријатели

Осудениот терорист Калид Бака го тужеше историскиот паб Saracen’s Head Inn во градот Чешам бидејќи бил навреден од логото и знакот над влезот.

Loading...

Бака помина четири години во затвор поради џихадистичка пропаганда, пишува Дејли мејл.

Бака бара 2.239 евра од сопственикот поради расистичкиот приказ на Турци/Арапи на логото на пабот.

– Бев загрижен за натписот и слоганот, кои се ксенофобични, расистички и поттикнуваат насилство врз одредени луѓе – изјави терористот Бака.

Тој додаде дека ќе тужи уште 30 пабови доколку оваа тужба биде успешна.

Сопственикот на објектот се противи на тужбата и ја нарече целосна глупост.

Сопственикот додаде дека пабот го има тоа име повеќе од 500 години.

– Ја проба среќата. Секако дека сум загрижен, никогаш не знаеш како ќе постапат таквите луѓе – рекол сопственикот на пабот Роби Хејс.

Loading...

Сопственикот додаде дека ниту тој, ниту персоналот, ниту посетителите се расисти.

Во 2018 година, Бака беше осуден на четири години и осум месеци затвор откако се изјасни за виновен по пет точки од обвинението за ширење терористичка пропаганда.

Натписот Сарацен, кој ја предизвикал целата драма, бил израз за Арапите до 5 век.

Тоа е меѓу најпопуларните пабови во Обединетото Кралство. Пабот бил изграден во 1530 година.