Температурата на глобално ниво ќе расте и во наредните месеци

Сподели со своите пријатели

При порастот на емисиите од ефектот на стаклена градина, како и атмосферскиот феномен „л Нињо, глобалната температура значително ќе порасне во наредни 12 месеци, пренесува „Анадолу“ агенцијата.

Според податоците од државниот метеоролоши завод на Велика Британија, „Мет Офис“, оваа година ќе биде значително потопла со тоа што не е перцизирано за колку степени. Експертите за порастот на температурата на глобално ниво најмногу го обвинуваат Ел Нињо, глобален атмосферско-океански феномен во тропскиот предел од Тихиот океан.

Него според пишување на „Гардијан“ го створило глобалното затоплување, а метеоролозите тврдат дека во скоро време би можел да биде најголемата метеролошка појава.

Моменталните услови во екваторскиот појас на Тихиот океан потсетуваат на оние од 1997 година кога е покренат и најголемиот Ел Нињо во 20-от век. При овој феномен источните ветрови на Пацификот слабеат па брановите топла вода се шират кон Јужна Америка каде доаѓа до покачена површинска температура на водата. Феноменот предизвикува многу топли зими и големи сушу во бројни земји во светот.

Наводно Ел Нињо е веќе во раната фаза препознаен во некои земји кои се борат со суша, недостаток на вода и пожари на суво тло.