Техеран ѝ се закани на Европа: Целите ќе бидат земји кои обезбедуваат бази за напади врз Иран

Сподели со своите пријатели

Портпаролот на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), Сардар Мохеби, денес изјави дека Иран решително ќе одговори на секоја закана и предупреди дека секоја земја чии воени бази се користат за напад врз Иран ќе стане цел на иранските сили.

Зборувајќи за ракетните капацитети на Иран, Мохеби рече дека доколку врховниот лидер даде наредба, Техеран може да спроведува операции без географски ограничувања, вклучително и таргетирање на американските бази во Европа, објави Тасним.

Тој изјави дека ограничувањето на дострелот на иранските ракети на 2.000 километри претходно било воведено по наредба на врховниот лидер, но истакна дека Иран претходно ги демонстрирал капацитетите на ракетите со дострел до 4.500 километри.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Денеска генерален штрајк во Италија, протести во околу 100 градови

Мохеби ги отфрли тврдењата на Си-Ен-Ен за можна употреба на валкана бомба, нарекувајќи ги пропаганда, и предупреди дека Иран ќе возврати доколку САД ги нападнат браните на Иран.

Тој додаде дека секоја земја од чии бази американските сили би започнале воена акција против Иран, без оглед каде се наоѓа, ќе се смета за цел, пренесува Танјуг.