Продолжуваат активностите за реконструкција на Спортската сала во Куманово, а деновиве активно се работи на боксерската сала и трибините.
Loading...
– Активно се работи на реконструкција на Боксерската сала во склоп на Спортската сала во Куманово, како и на реконструкција на трибините во салата, информираше градоначалникот Максим Димитриевски.
Општина Куманово претходно соопшти дека ќе одвои над 12 милиони денари за целосно внатрешно уредување на спортската сала.
Loading...
Освен реконструкција на трибините и салата, ќе се менуваат подовите на објектот, а ќе се набават и нови реквизити и опрема.
Кон крајот на декември, лани заврши санацијата на кровната конструкција на спортската сала.
Никола Ивановски