Еден маж, татко и домаќин од француското место Аметес, близу Па де Кале, осуден е на година и пол затвор откако е воспоставена дека во детската соба одгледувал канабис, а полицијата на тоа случајно ја известила неговата седумгодишна ќерка.
Со оглед дека девојчето често изостанувало од настава, учителката сакала да знае во што е проблемот.
Седумгодишното дете одговорило дека не може да престојува во својата соба, бидејќи нејзиниот татко таму одгледува цвеќе, пошува локалниот весник La Voix du Nord.
Откако полицијата направила претрес во домот, било утврдено дека на целиот кат се одгелдува канабис.
Полициските службеници пронашле и прибор потребен за негово одгледување.
На суд овој четириесетгодишен татко рекол дека пред три години започнал да пуши марихуана и дека „се навлекол“, односно дека дневно пушти десет до петнаесет џоинти.
Минатата есен требало да ја преуреди детската соба, но поради зависноста одлучил просторот да го претвори во место за одгледување канабис.
Пред судот рекол дека марихуаната не била наменета за продажба, туку ја одгледувал исклучиво за сопствени потреби.
Поротата и судијата му поверувале, па е осуден на 18 месеци затвор, од што половина од времето се однесува на условна казна.