Вчеравечер околу 19 часот едно во семејната куќа во Штрпц едно бебе од 40 дена почина од последица која му ја задал таткото, додека другото во тешка состојба било пренесено во Клиничкиот центар ниш.
Управникот на хирургијата во болницата во Грачаница Драган Периќ изјави дека станува збор за близнаци од машки пол од 40 дена.
Периќ наведе дека едното бебе е донесено мртво, а другото во тешка состојба веднаш е префрлено во Ниш и се наоѓа на одделението за интезивна нега, според неговите зборови, здравствената состојба на повреденото бебе е стабилизирана и тоа е вон животна опасност.
Таткото на близнаците Дејан Крстиќ професор по физичко воспитување во Средното школо во градчето, синоќа, од засега непознати причини го избоде со нож бебето, пишува во соопштението на косовската полиција.
Полицијата веднаш излегла на лице место и го уапсила Крстиќ.