Тајзи запеа и на шпански – на повидок нова летна химна за љубовта

Сподели со своите пријатели
Жешка атмосфера, згодни црномурести девојки, кубански бенд и латино мелос. Ова е дел од новиот видео запис на Тајзи, со наслов „Амор“.
tajzi3
За првпат, кумановскиот пејач и рапер реши да запее на шпански, а од неговиот тим велат дека ова е една од најдобрите негови песни досега, која претендира да стане голем летен хит.
Спотот ќе излезе на почетокот на август, а се снимаше на повеќе локации во Скопје и Куманово. Специјални гости во спотот се кубанскиот бенд ”Cubano Soy”, Рене Врајт од Јамајка и манекенката Ана Станојковска.
tajzi2
Режијата и сценариото се на Владимир Дади – Ивановски, музиката и текстот на Драган Величковски – Тајзи, додека пак аранжманот е на проверениот хит мејкер, Лазар Цветковски.

За првпат песната ќе биде презентирана на концертот на Тајзи на 27 јули во „Кадмо“ во Охрид, каде што ќе настапи заедно со својот бенд.