Кумановецот Тајзи вчеравечер настапи на градскиот плоштад во Куманово по повод Денот на ослободување на градот и приреди вистински спектакл.
Пред неколкуилјадна публика Тајзи ги испеа најголемите хитови, а заедно со него во еден глас ги пееше и публиката.
Пејачот не го криеше неизмерното задоволство што по многу години повторно пее пред кумановската публика и тоа за најголемиот празник на неговиот роден град.
Испреплетени беа емоциите на Тајзи, кој на момент едвај се воздржа да заплаче додека во еден глас со публиката ја пееше песната „Чувај ни ја боже“ која ја има снимено за својот препрано починат другар Гешо.
Дека и кумановци се задоволни од неговиот настап зборуваат и реакциите по социјалните мрежи. Кратко видео кое го објавивме од изведба на песната „Чувај ни ја боже“ за неполн ден бележи 18.000 прегледи и над 1.150 допаѓања.
View this post on Instagram
Пред Тајзи најмладата публика можеше да ужива со ѕвездите од проектот „Дајте музика“, а концертот го затвори српската пејачка Сара Јо.
И вечерва продолжува забавата за кумановци, а на репертоар се Некст Тајм, Лозано, Барди и Алкета.
Во продолжение дел од атмосферата низ објективот на Кумановски Муабети.
Текст/фото: Никола Ивановски