Тајните кои блогерките никогаш не би ги откриле

Сподели со своите пријатели

Можеби на личните блогови и на профилите на социјалните мрежи изгледаат како да имаат совршен живот, но оредени блогерки кријат големи тајни.

Поради тоа кога следниот пат ќе помислите дека би сакале да сте на нивно место, сетете се на следните тајни кои ги кријат богатите блогерки и инфлуенсерки.

Некои од нив немаат дом

Алиса Рамос која стои зад профилите @mylifesatravelmovie и @alyssaramostravels открила дека нема постојан дом. Таа профилите ги води за патувањата и цело време е некаде. Ако сака да се скраси на подолг период изнајмува сместување преку Airbbnb.

 

Loading...

 

Ги уредуваат фотографиите до непрепознатливост

Одредени инфлуенсерки на Инстаграм ги уредуваат фотографиите со филтри и ефекти дури и по половина час. Тие користат и филтри кои ги има самиот Инстаграм, но и дополнителни како апликациите VSCO или Snapseed.

Така многу е веројатно дека она што ќе го видите на Инстаграм има многу поинаква форма и боја во реалноста.

Заработуваат големи суми на пари.

Многу инфлуенсери и блогери помагаат на брендовите да ги пласираат своите производи и да „влезат под кожа“ на потрошувачите.

Одредени имаат договор со компанија на месечно ниво, додека други наплаќаат за секоја поединечна објава.

Нивните одмори всушност се составен дел од патувањето

Дури и кога патуваат, тие мора да одговараат на пораките од заинтересираните клиенти и да се посветат на тоа што подобро да ја реализираат побарувачката.

Ако излегуваат на пијалак или на вечера, мора да го испланираат секој детал, за да добијат објава која ќе привлече внимание на потенцијалните потрошувачи. Најчесто се случува тешко да одржуваат баланс помеѓу приватниот и професионалниот живот.

 

 

За совршени фотографии мора да станат рано

Наутро морето е најчисто, излегувањето на сонцето е сјајно, а околу знаменитостите нема туристи. Така можат да направат фотографии со мобилниот телефон на кои им завидуваат дури и најпрофесионалните фотографи.

Дел од нив користат и часови околу заоѓањето на сонцето затоа што тогаш осветлувањето е најмеко и дозволува поголема манипулација со ефекти.

Со себе носат и реквизити за фотографирање

За да направат совршена фотографија со себе носат некои стиници, како што се чанта, марама, очила за сонце, па дури и некоја свеќа. Сето тоа ја разубавува фотографијата, истакнува одредени делови или ги покрива недостатоците.

Ми недостастуваат семејството и пријателите

Со оглед на тоа дека инфлуенсирањето веќе стана работа со полно, па и прекувремено, работно време, овие лица се ангажирани да се појавуваат на најразлични настани или некаде се гости.

Поради тоа некои од нив малку време минуваат со семејството и вистинските пријатели, а поеќе со оние кои се занимаваат со иста или слична работа.

Leave a Reply