Тајната служба го крена нивото на заштита на Трамп: Еве како ќе го штитат отсега!

Сподели со своите пријатели

Тајната служба ќе користи стакло отпорно на куршуми за да го заштити поранешниот претседател Доналд Трамп дополнително за време на настани на отворено.

Loading...

Според американските медиуми, ова ниво на безбедност најчесто се користи за актуелните претседатели и потпретседатели.

Агенцијата одлучи да ги засили мерките на настаните на Трамп, откако вооружен маж пукал во него, пасејќи го неговото лево уво пред неколку недели.

Стаклените панели отпорни на куршуми, кои вообичаено се носат со специјални воени авиони за време на претседателските посети, според NBC News, ќе бидат стационирани во различни области низ земјата за да бидат лесно достапни за настаните на Трамп пред ноемвриските избори.

Официјалните лица планираат панелите да го покриваат Трамп од три страни, изјавија извори за ABC News, кои први го известија безбедносниот план.

Еден висок функционер го опиша целиот напор за CNN како „значаен потфат во однос на логистиката“.

Тајната служба не ги коментираше извештаите, но овој потег, наводно, бил во фаза на работа дури и пред одлуката на Кимберли Читл да поднесе оставка од функцијата шеф на Тајната служба, еден ден откако таа сведочеше пред Конгресот за пукањето поради повиците таа да се повлече.

Додавањето стакло отпорно на куршуми не е единствената мерка што се презема за заштита на поранешниот претседател, бидејќи Тајната служба исто така планира да распореди повеќе персонал и да користи технологија за ублажување на безбедносните закани.

Loading...

Трамп не беше домаќин на ниту еден собир на отворено од обидот за атентат, но изрази желба да продолжи со вакви настани и да одржи уште еден митинг во Батлер, изјавија помошниците за „Вашингтон пост“.

– Сакаме да ги одвратиме луѓето дури и да не размислуваат повторно да направат вакво нешто – рече тој претходно овој месец шефот на Тајната служба, Роналд Роув.