Тајфунот Шаншан ја погоди Јапонија, суспендирани се брзите возови

Сподели со своите пријатели

Тајфунот Шаншан денеска го погоди регионот Амами во југозападна Јапонија, а властите ги повикаа жителите да бидат на готовност поради лизгање на земјиштето и поплави во ниските области.

Loading...

Поради поројните дождови кои утрово ја зафатија земјата, прекинати се брзите возови меѓу станиците Токио и Шин-Осака, а од четврток до сабота може да бидат прекинати и услугите од станиците во Токио до југозападниот град Фукуока, пишува Кјодо.

Јапонската метеоролошка агенција прогнозираше обилни дождови и ветрови во регионот Амами.

Се очекува тајфунот да се движи кон западниот дел на Јапонија.