Тајфунот Мавар со најсилните бури во последните децении стигна до островот Гуам

Сподели со своите пријатели

Населението на островот Гуам подготвило залихи и се преселило од дрвени и лимени куќи во засолништа, откако тајфунот Мавар денеска се приближи на оваа американска пацифичка територија, со најсилните бури и дожд во последните децении.

Loading...

Војската на САД испрати бродови, а претседателот Џозеф Бајден прогласи вонредна состојба, додека секој што не живее во цврст дом е повикан да побара безбедно засолниште пред тајфунот, кој се прогнозира дека ќе пристигне како бура од четврта категорија со налети на околу 225 километри на час, но и дека евентуално би можело да се засили до категоријата пет, која е најсилна, пренесува АП.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Што ја очекува Европа ова лето, по рекордниот топлата пролет?

Последен пат бура од петта категорија директно го погоди Гуам беше во 1962 година.

Многу населени места на островот од 549 квадратни километри останаа без струја до попладневните часови, а некои на југот исто така без водоснабдување.

Пред бурата, гувернерот на Гуам, Лу Леон Гереро им нареди на жителите на крајбрежните, ниските и подложни на поплави области со население од повеќе од 150.000 да се евакуираат на повисоките места.

Гуам е стратешки важен центар за американските сили во Пацификот, а Министерството за одбрана контролира околу една третина од островот.

Командата на американската армија одобри евакуација на персоналот во засолништата за областите што се очекува да бидат погодени, а сите бродови беа преместени од брегот како стандардна мерка на претпазливост.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Што ја очекува Европа ова лето, по рекордниот топлата пролет?

Според Пентагон, околу 6.800 американски војници се распоредени во Гуам.

Loading...

Во соопштението на метеоролошката служба се наведува дека невремето денеска би можело да го зафати јужниот дел на Гуам, кој се наоѓа западно од меѓународната линија за датум и кој е ден пред копното на САД и Хаваите, пренесува Танјуг.