Тајфунот Гаеми донесе обилни врнежи во североисточна Кина, евакуирани над 27.000 луѓе

Сподели со своите пријатели

Повеќе од 27.000 жители на североисточната кинеска провинција Лиаонинг се евакуирани поради обилните врнежи што ги донесе тајфунот Гаеми.

Loading...

Провинцискиот оддел за контрола на поплави и суши соопшти дека обилните врнежи предизвикале зголемување на нивото на водата, пренесе Ксинхуа.

Метеоролозите најавија дека во повеќето области во Лиаонинг се очекуваат обилни врнежи од дожд, кои ќе траат до вторник.

Покраината има организирано тимови за да се подготват за потенцијални поплави.

Министерството за вонредни состојби вчера упати предупредување за поплави во Лиаонинг, јави Танјуг.