Авион на „Туркиш ерлајнс“ се запали при слетување
Авион на „Туркиш ерлајнс“ се запали при слетување на Меѓународниот аеродром Трибхуван во Катманду, главниот град на Непал, но сите патници и членови на екипажот беа безбедно евакуирани и немаше повредени, објавија локалните власти. Инцидентот предизвика привремено затворање на единствената писта на аеродромот и го наруши воздушниот сообраќај во земјата.Прочитај повеќе










