Таџикистан во контакт со Москва поради наводна вмешаност на нивни државјани во нападот

Сподели со своите пријатели

Таџикистан е во контакт со Москва во врска со наводната вмешаност на таџикистански државјани во терористичкиот напад на „Crocus City Hall“, изјави денеска за Тасс портпаролот на таџикистанското Министерство за надворешни работи, пренесува Танјуг.

Loading...

Портпаролот изјави дека таџикистанските власти се во близок контакт со нивните руски колеги во врска со наводната вмешаност на таџикистански државјани во синоќешниот терористички напад во московскиот регион.

Пратеникот на руската државна дума Александар Хинштајн денеска изјави дека при претресот на автомобилите на осомничените за терористичкиот напад во „Crocus City Hall“, кои беа уапсени во областа Брјанск, пронајдени се пасоши на државјани на Таџикистан, руска држава објави телевизијата РТ.