Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Таџикистан, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 114 километри и оддалеченост од 251 километар од градот Кундуз.
Засега нема извештаи за повредени или материјална штета.
Според очевидци објавени на веб-страницата ЕМСЦ, земјотресот траел долго и бил почувствуван во Авганистан, Пакистан, Узбекистан и Индија.
Очевидци од Исламабад велат дека поради земјотресот морале да истрчаат од канцелариите.

