СЗО: Здрава млада личност можеби ќе мора да почека до 2022 година за вакцинација од Ковид-19

Сподели со своите пријатели

Главниот научник на Светската здравствена организација (СЗО), Сумја Сваминатан, изјави дека е мала веројатноста за брза и масовна вакцинација против новиот коронавирус.

Loading...

Таа рече дека мнозинството се согласува дека прво треба да се вакцинираат здравствените работници, но дури и со нив треба да се утврди кој е со најголем ризик, а потоа на ред се постарите лица за вакцината.

– Здрава млада личност можеби ќе мора да почека до 2022 година, рече Сваминанатан.

Таа предупреди дека, и покрај тоа што бројот на смртни случаи од коронавирус е намален на глобално ниво, расте бројот на пациенти кои се сместени на оддели за интензивна нега.

Златко Шумковски

Leave a Reply