Епидемиите зачестија поради климатските промени, изјави Мајк Рајан, извршен директор на Програмата на СЗО за итни здравствени состојби.
„Тоа е случај и со мајмунските сипаници. Климатските промени придонесуваат за брза промена на временските модели, а тоа води, на пример, до суша“, додаде тој.
„Под променети услови, животните и луѓето го менуваат своето однесување во потрага по храна. Како резултат на тоа, болестите специфични за животните се пренесуваат на луѓето”, рече Рајан.
Регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге, на 31 мај изјави дека не можеме да бидеме апсолутно сигурни дека ширењето на мајмунските сипаници ќе се спречи и предупреди дека стапката на ширење на болеста во текот на летото може да се зголеми, пренесува Известија.
Земјите масовно укинале многу рестрикции поради корона вирусот, што значи дека во летната сезона ќе се одржуваат настани со голем број луѓе, што е ризично.
Првиот смртен случај од мајмунски сипаници е регистриран во Нигерија на 29 мај.
Вирусот на мајмунски сипаници почна да се шири во неколку западноевропски земји и други континенти.
Случаи на инфекција неодамна се пријавени во Австралија, Белгија, Германија, Обединетото Кралство, Шпанија, Канада, Италија, Португалија, Франција, САД, Шведска и Швајцарија. Руските здравствени власти ја оценија веројатноста за ширење на болеста во Руската Федерација како мала.
На Русите им било советувано да избегнуваат контакт со глодари и примати, кои се потенцијални носители на мајмунски сипаници, пишува весникот „Известија“.