СЗО: 11 отсто од лековите во земјите во развој се фалсификувани

Сподели со своите пријатели

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека 11 отсто од лековите во земјата во развој се фалсификувани и веројатно се одговорни за смрт на десетици илјади деца од болести како маларија и воспаление на белите дробови.

Ова е прв обид СЗО да се занимава со оваа проблематика, наведува агенцијата АП.

Експертите разгледале 100 истражувања на повеќе од 48.000 лекови во земјите во развој.

Резултатите покажале дека скоро 65% од лековите против маларија и други бактериски инфекции се фалсификувани.

Експертите на СЗО потенцираат дека помеѓу 72.000 и 169.000 деца починале од воспаление на белите дробови поради лечење со фалсификувани лекови.

СЗО наведува дека случајот со лажните лекови е само мал дел од нерешните проблеми.