Осум лица од Куманово, Липково и кратовско добиле кривични пријави бидејќи лани се движеле во периодот кога на сила бил полицискиот час.
– СВР Куманово поднесе кривични пријави против Р.З.(48), Е.И.(28), Г.А.М.(45), А.Ш.(41), Т.М.(69), сите од Куманово, М.С.(47) од с.Матејче, општина Липково, И.Ш.(60) од с.Оризаре, општина Липково и А.Т.(53) од с.Шопско Рударе, кратовско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што појаснуваат од полицијата, во периодот од 19.04.2021 до 07.06.2021 пријавените биле затекнати како се движат за време на забрана за движење без да поседуваат дозвола за движењe.
Никола Ивановски