Педесет и деветгодишниот С.С. од Скопје заработи кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Пријавениот во текот на 2012 година како сопственик на хала лоцирана во село Четирце, кумановско, ја издал под закуп на правниот субјект „Порта маестра“ ДООЕЛ – Куманово, за што сочиниле писмен договор со одговорното лице С.З. (50) од Куманово, кој не бил заверен на нотар. Во текот на месец март 2015 година, поради неподмирени обврски за кирија и струја, причинети од страна на правното лице „Порта маестра“, пријавениот противправно присвоил туѓ подвижен предмет во сопственост на правниот субјект по книговодствена вредност од 730.000 денари и истата ја продал во отпад за сума од околу 50.000 денари.
Секторот за внатрешни работи поднесе кривична пријава за затајување.