СВР Куманово апелира на внимание: Да не се пали оган на отворено!

Сподели со своите пријатели

Секторот за внатрешни работи Куманово апелира до граѓаните да внимаваат во претстојниот период на високи температури и да не палат оган на отворено.

Loading...

Организациските единици на кумановската полиција имаат постојани активности со ЈП „Национални шуми“ и делат информативни флаери на граѓаните со цел превенција од пожари.

– Во непосредни средби на граѓаните им се делат летоци со основни безбедносни совети и како да се постапи при откривање шумски пожар. Апелираме до граѓаните да бидат внимателни особено во престојниот период и да не се пали оган на отворено, стрништа, пасишта и сува вегетација, да не се фрлаат догорчиња и отпушоци и на тој начин заедно да придонесеме за зачувување на шумите, а со тоа да го заштитиме животот и здравјето како и личниот и имотот на другите, стои во апелот на кумановската полиција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  УХМР најавува пороен дожд, грмежи и локално невреме

СВР Куманово потсетува дека предизвикување на пожар претставува кривично дело за кое се предвидува затворска казна до осум години согласно член 227 од Кривичниот законик, зависно од видот на пожарот, причините за неговото настанување и другите околности и последици.

Никола Ивановски